http://vladimir.novachki.com

Pic 1

Добредојдовте

Добредојдовте на мојата персонална интернет страница. Тука ќе можете да ја прочитате мојата кратка биографија, како и да ја превземете во Pdf формат. Исто така ќе можете да ги погледнете презентациите од досегашните изработени проекти, информации за теконвите проекти, галерија и тн.Се надевам дека ќе уживате во содржината.

 

 

 

Проекти

SKOPJE TAXIMETER
Eдна од најиновативните апликации за мобилни уреди на македонскиот пазар. Станува збор за прва апликација од ваков тип на Android маркетот. Skopje Taximeter ја прикажува моменталната цена во реално време додека се возите во такси.По самото појавување на апликацијата, истата беше преинсталирана во секој Android мобилен уред купен од ВИП Оператор.
Skopje taximeter во медиумите .
MKD DENAR
Aпликација која преку визуелен приказ со исцртување на график прикажува како се движеле најупотребуваните странски валути во Мaкедонија во текот на последните четири месеци. По самото појавување на апликацијата, истата беше преинсталирана во секој Android мобилен уред купен од ВИП Оператор.
MKD DENAR J2ME VERSION

Апликација во која се вклучени најбитните функционалности од Android верзијата како што се курсна листа, конвертор и тн.
Станува збор за J2ME верзија каде што скоро секој мобилен телефон има подршка за извршување на апликации од ваков тип.

2PLAYER MACEDONIAN QUIZ
Оваа апликација претставува игра - квиз. За поголема забава квизот е направен за двајца играчи. Играчите добиваат исто прашање и се натпреваруваат кој побрзо ќе притисне на еден од понудените одговори. Апликацијата (како и претходните две) завзема учество на натпреварот за развивање апликации “Vip Андроид Предизвик”
ПОВЕЌЕЈАЗИЧНИ АПЛИКАЦИИ ВО ANDROID
Истражување за изработка на повеќејазични апликации во Android. Покрај поддржаната локализација од самиот оперативен систем, опфатена е и т.н "Force localization" , која се употребува за локализации кои не се поддржани од голем број на производители на мобилни уреди.Како пример, изработив апликација "Повеќејазичен атлас" кој ги опфаќа двата типа на локализација и содржи 10 различни јазици.
Истражувањето е водено под менторство на ITgma software services .
ESP GAME
Идејата на оваа апликација е корисниците на компјутер преку игра да извршуваат задачи кои компјутерот сеуште неможе најпрецизно и најточно да ги извршува.Најраспространет пример за ова е сервисот на google за препознавање на слики наречен Google Image Labeler. Апликацијата е изработена во ASP.NET со употреба на Ajax контроли за синхронизација
VADMIN PANEL
Администрациона панела која може да се користи на поголеми интернет страници. Претставува замена за CMS (Content Management System) каде што е овозможено авторите да ги подготвуваат и публицираат информациите online, без претходно да ги подготват како HTML код. VАdmin е изработен во PHP & MySQL
GMAIL LED NOTIFIER

Претставува хардверско решение за известување за пристигната нова е-пошта на Gmail.Уредот се поврзува со компјутер преку паралелна порта и содржи седум LED диоди. За овој уред (покрај хардверот )имам изработено и (драјвери) софтвер во кој се внесува Gmail акаунтот. Кога ќе пристигне нова пошта уредот сигнализира со палење на една од диодите. Во зависност од бројот на непрочитани пошти , толку диоди светат моментално (максимум 7)
Слика од уредот .